Danela Arsovska
9️⃣Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9️⃣. Во изминатите две години покажавме дека и покрај сите напади, безкомпромисно се бориме против секој што работи спротивно на интересот на граѓаните и државата.
❌Затоа неопходно е да се стави крај на оние кои пред избори ветуваат економски просперитет, подобар животен стандард и повисоки пензии и плати, а по избори единствен проект им е измена на Уставот промена на името, а спротивно на желбите и интересот на сите нас кои живееме во Македонија.
Истото се случува и сега, едните отворено кажуваат дека ќе го сменат Уставот повторно, а другите срамежливо велат дека не се против измени во Устав, но тоа да имало одложена примена по влезот на Македонија во Европската Унија.
🇲🇰Ние од Нова Алтернатива јасно и категорично кажуваме НЕ, нема да прифатиме ниту да гласаме за промена на Уставот. Ставот е дециден, нема никогаш да поддржиме асиметричен договор каде Македонија е потценета страна, тоа не смее никогаш да се прифати.
Нашиот став е непроменлив, за разлика голем дел од политичарите кои секојдневно ги менуваат нивните изјави во јавноста согласно потребите, за да се додворат кон меѓународната заедница или кон своите потенцијални коалициски партнери.
✅ За нас единствена опција е да имаме системски силна и економски јака Македонија. Затоа на овие избори одберете го бројот 9️⃣ и гласајте за Нова Алтернатива, за луѓе кои секогаш ќе се спротивстават на неправдите и ќе работат за подобар живот во Македонија.
❤️Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.